Двоецот од Мерцедес ќе се пресели во Ферари

Некогашниот шеф и прв човек на Џордан, Еди Џордан, верува дека сегашната двојка од Мерцедес, Тото Волф и Луис Хамилтон, наскоро ќе преминат во Ферари..

Според неговите зборови, Британецот ќе го однесе со себе Волф во Скудерија Ферари со цел да го заштити од Шарл Леклер и можното губење на статусот прв возач во тимот.

„Кариерата на Хамилтон се ближи кон крајот, но тој и понатаму сака да освои седум или повеќе титули. Сметам дека во 2021 година ќе биде вистинско време за преселба во Ферари. Исто така договорот на Волф со Мерцедес истекува следната сезона“.

„Хамилтон ќе се пресели во Ферари, но тој ќе се обиде да го донесе со себе Волф за да го заштити својот статус на прв возач во тимот. Сигурен сум дека Хамилтон ќе стане возач на Ферари а Волф ќе биде негов шеф кај црвените“, смета Џордан.

Ферари на титула чекаат од 2007 година, последен пат шампион беше Кими Раиконен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top