Џафери ги распиша изборите, првиот круг од претседателските на 21 април

Џафери со апел партиите да ги почитуваат правилата за фер и демократски избори..

Собранискиот спикер Талат Џафери ги распиша претседателските изборите на пролет. Изборите ќе се одржат на 21 април. Вториот круг, доколку го има, би се одржал на 5 мај.  

Кој се ќе влезе во изборната трка ќе се знае до средината на следниот месец. Премиерот Зоран Заев не ја напушта идејата за консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ и покрај најавите за самостоен настап.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пшак, ќе се избере меѓу 8-мината пријавени на партискиот конкурс на Конвенцијата на 16-ти февруари.

Се уште нема одлука ни за предвремени избори кои ги бара опозицијата. Заев вели дека реформите се приоритет пред изборите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека премиерот бега од соочување со граѓаните поради погубните политики.

 „ВМРО-ДПМНЕ ја уверува власта дека и покрај постоењето на техничка влада, реформските процеси кои се потребни за наша интеграција во ЕУ  ќе бидат спроведувани и имплементирани, тоа не е и не може да биде изговор за власта“.

Партијата на Христијан Мицкоски инсистира на 100 дена техничка влада пред евентуланите избори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top