Џафери им порача на пратениците да бидат фокусирани или ќе го врати „лавот“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите им порача на пратениците да бидат фокусирани во следниот период затоа што ќе се носат важни закони и меѓу другото ќе се расправа за буџетот за 2018 година..

Во спротивно, тој предупреди дека ќе ги употреби повторно принтаните пораки за да им го задржи вниманието.

Пред локалните избори, на маратонските седници кои траеја до полноќ, Џафери на испринтани фотографии од неговото биро им порачуваше на пратениците „Немојте да го будите заспаниот лав“ или „Тишина ќе ве молам“.

Собранискиот спикер најави дека во понеделник ќе продолжи расправата за законот за јазици, а дебатата во текот на неделата може да биде прекината доколку во Собранието дојде предлог за нови членови на Владата. Потоа би започнала расправа за буџетот за 2018 година. Во следните недели ќе се одржи и седница за пратенички прашања, но и седница на која ќе се ратификува договорот со Бугарија.

Освен овие точки до крајот на годината се очекува да се затворат точките за избор на нов јавен обвинител, изборот на членови на Влада, обраќање на Иванов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top