Џафери ја откажа конститутивната седница за денес

Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери..

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат.

Талат Џафери вчера кажа дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top