Џафери на ратификација на НАТО Протоколот во Романија и во Литванија

Џафери ќе биде придружуван од пратеникот Панчо Минов, а ќе оствари билатерални средби со државни претставници на двете земји..

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од денеска до четврток ќе присуствува во Романија и во Литванија, каде во собранијата на двете членки на НАТО, ќе се ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

Во Парламентот во Романија седницата е закажана за 13 март, додека во Сејмот на Литванија ќе се одржи на 14 март. 

Џафери ќе има обраќање пред парламентот во Литванија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top