Џафери се откажал од намерата утре да закаже седница за избор на спикер

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на седницата, како што најави во текот на денот, објави „360 степени“..

Од 360 степени пишуваат дека се обиделе и официјално да ја потврдат информацијата дека Собранието утре нема да заседава, но надлежните службеници во парламентот вечерва не можеле да го направат тоа.

Претходно, Џафери попладнево ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.

Како што рече тој, информацијата дека Стево Пендаровски ќе му го довери мандатот за формирање на влада на Зоран Заев значи дека Заев има мнозинство и затоа треба да се избере претседател на парламентот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top