Џафери свика вонредна координација за формирање на телото за помирување

Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи.

 Единствена точка на дневен ред е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Коориднацијата требаше да се одржи вчера но на состанокот кај Џафери не присуствуваа подносителите на иницијативата, поради обврски поврзани со посетата на претседателот на австрискиот Национален совет на Австрија, Волфганг Соботка, кој вчера се обрати пред пратениците во Собранието.

Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпарстиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот да нема да учествуваат во работата на ова тело, а како причина сега го наведуваат изборот на Џафери да раководи со него. Од партијата сепак остваат можност дека ќе ги почитуваат одлуките на телото ако се во насока на неселективно помирување, но не отстапуваат од барањето закон за целосна амнестија на обвинетите од 27 април.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top