Џихадистите на Исламска држава бегаат кон сириската пустина

Џихадистите на Исламска држава, притеснети пред офанзивата на сириските сили во еден преостанат џеб што го држат на југот на Дамаск, почнаа во неделата да се повлекуваат кон пустината, извести Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР)..

Почетокот на евакуацијата се случува откако во саботата стапи во сила примирјето меѓу режимот на Башар ал Асад, кој водеше едномесечна офанзива на таа последна џихадистичка тврдина во престолнината на ИСИС, наведува СОХР. Со евакуацијата главно се опфатени борците на ИСИС во палестинскиот камп во Јармук, кој стана приградска населба на Дамаск, и во Тадамун, додава оваа невладина организација.

Сириските државни весници ги демантираа информациите за евакуацијата од квартот Хаџар ал Асвад, но не кажуваат изречно за ситуацијата во Јармук и во Тадамун.

„Шест автобуси во ноќта кон неделата влегоа во подрачјето под контрола на ИСИС за да ги одвезат борците на таа група и нивните семејства кон пустината каде што групата држи уште некои подрачја“, кажа за АФП управителот на СОХР Рами Абдел Рахман.

„Автобусите во моментов се близу градот Палмира (во централниот дел на земјата)“, додаде тој. Одат на исток на Сирија.

„Утринава и други автобуси влегоа во кампот во Јармук, сега таму има 26 автобуси“, рече Рахман додавајќи дека „засега повеќето луѓе во автобусите се цивили“.

Операцијата се случува 24 часа по примирјето, кое во саботата напладне стапи на сила во подрачјето под контрола на ИСИС.

Башар ал Асад на 19 април почна голема офанзива на последната енклава на ИСИС на југот на Дамаск и ги зазеде квартовите Тадамун, Хаџар ал Асвад, Кадам и палестинскиот бегалски камп Јармук.

Ако успее да ги заземе последните подрачја под власта на ИСИС во Дамаск, Асад ќе ја контролира целата престолнина и околината, и тоа првпат по 2012 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top