Џо Бајден бил во авион со заразено лице со корона, нема намера да оди во карантин

Демократскиот кандидат за претседател на САД ,Џо Бајден неодамна бил во ист авион со личност која подоцна имала позитивен тест за ковид-19..

Бидејќи тој не бил во близок контакт со таа личност, нема потреба Бајден да оди во карантин, соопштиле од неговата кампања, пренесува Ројтерс.

„Потпретседателот Бајден никогаш не бил во близок контакт со личноста која е позитивна“, се вели во соопштението, додавајќи дека и двајцата носеле маски за време на заедничките летови во понеделник и вторник.

„Со оглед на гореспоменатите факти, докторот на потпретседателот и медицинските советници во кампањата сметаат дека нема потреба Бајден да оди во карантин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top