Џон Кери: Американска помош би имала успех ако ирачките лидери ги надминат несогласувањата

Кери повикал Ирак брзо да ги потврди резултатите од априлските парламентарни избори и да формира нова влада.

Американска помош за Ирак би имала успех само ако ирачките лидери ги надминат несогласувањата, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во разговор со ирачкиот колега Хошијар Зебари.

- Кери нагласи дека помош од САД би дала резултат само ако ирачките раководители сакаат да ги надминат несогласувањата и да направат координиран и ефективен чекор за изградба на национално единство, неопходно за напредок на државата и за справување со заканата од Исламска држава во Ирак и Левант, се вели во коминике на Стејт департментот.

Кери повикал Ирак брзо да ги потврди резултатите од априлските парламентарни избори и да формира нова влада.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top