„Џонсон & Џонсон”: Влегуваме во трета фаза на испитувања на вакцината против ковид-19

Американската компанија „Џонсон и Џонсон” соопшти дека ја започнала третата фаза испитувањата на вакцина за новиот коронавирус..

Иако нивниот производ што го развиваат е зад ривалските на „Фајзер”, „Модерна” и „АстраЗенека”, сепак, има некои потенцијални предности доколку се покаже безбеден и ефикасен.

За разлика од другите, вакцината на компанијата бара само една доза, а не две, што ја олеснува кампањата за имунизација. Исто така, не бара да се чува на екстремно ниски температури за разлика од другите.

„Џонсон и Џонсон” објавија дека првите дози може да бидат готови „на почетокот на 2021 година” доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна. Во фаза Три, компанијата ќе вклучува 60.000 луѓе на три континенти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top