ЏОНСОН ГО ПРЕТСТАВИ ИЗБОРНИОТ МАНИФЕСТ: Конечно ќе го завршиме процесот на излегување од ЕУ

Џонсон, помеѓу останатото, ветил дека ќе го спречи зголемувањето на даноците и дека конечно ќе го заврши процесот на излегување на Британија од Европската унија..

Британскиот премиер Борис Џонсон го објави изборниот манифест на својата Конзервативна партија.

Џонсон, помеѓу останатото, ветил дека ќе го спречи зголемувањето на даноците и дека конечно ќе го заврши процесот на излегување на Британија од Европската унија.

Во манифестот се наведува и обезбедување на 22 милијарди фунти одвоени за истражување и развој, одбрана од поплави, железница и унапредување на патиштата. Тоа остава речиси 80 милијарди фунти за додатни вложувања.

Според манифестот, ќе биде воведен и данок на дигитални услуги, за да се осигура дека големите мултинационални компании го плаќаат својот фер дел од даноци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top