Џонсон: На ЕУ нема да и платиме 39 милијарди за Брегзит

Поранешниот британски министер за надворешни работи , Борис Џонсон , кој се смета за фаворит за наследник на Тереза Меј на премниерското место , вели дека нема да и плати на ЕУ 39 милијарди фунти..

Џонсон изјави дека Британија нема да ја плати сметката за разводот од ЕУ во износ од 39 милијарди фунти. Британија ќе плати 39 милијарди фунти само доколку постојат повеќе јасни работи при постигнувањето на договорот за Брегзит, рече Џонсон во интервју за британскиот весник Сандеј Тајмс.

,,Во постигнувањето на добар договор парите се добар одмрзнувач и добар подмачкувач” , рече Џонсон , познат по своите комични изјави.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top