Џонсон планира со „мост брегзит“ да ги поврзе Шкотска и Северна Ирска

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека размислува за изградба на мост долг 45 километри што би ги поврзувал Шкотска и Северна Ирска..

Со години се расправало за идејата за изградба на мост меѓу југозападна Шкотска и Северна Ирска. За реализација на оваа идеја британскиот премиер им кажал на официјални лица да направат физибилити студија.

„Минатата ноќ разговарав за изградба на мост од Странрар во Шкотска до Ларн во Северна Ирска“, им рекол Џонсон на новинарите.

„Тоа би било многу добро. Би чинело само 15 милијарди фунти“, рече британскиот премиер.

Премиерот побарал од владини службеници совет за трошоци и ризици од таков проект. Изградбата на таков инженерски потфат наречен „Мост брегзит“, долг 45 километри, се проценува дека би чинел помеѓу 15 и 20 милијарди фунти, јави Меил-онлајн.

Реномираниот инженер Џејмс Данкан рече дека шансите да се спроведе проектот без проблеми ќе биде „фантастично како изградба на мост до Месечината“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top