Џорџ Атанасовски: Сакам да бидам крал на Македонија, но може и Премиер или Претседател

Сопственикот на Телевизија Сонце, Џорџ Атанасоски вечерва е гостин во емисијата “Јади Бурек”, кај водителот Јанко Илковски..

Џорџ Атанасоски е успешен бизнисмен во Соединетите Американски држави. Тој е сопственик на хотели и ресторани на Флорида, едно од најпознатите туристички центри во Америјка, па и во светот.

Атанасоски се согласи да се вклучат и гледачите во емисијата кои му поставуваа прашања околу различни теми. Многумина од нив посакаа Атанасоски да ја води оваа држава, однодно да дојде нов лик на политичката сцена.

Атанасоски изјави дека негова желба е по учеството на идните избори да ја освои власта, односно ја бара поддршката од гласачите, но не да биде некој обичен функционер, туку тој би сакал да биде Премиер или Претседател на оваа држава, или!

Џорџ Атанасоски изјави дека тој би сакал да стане Крал на оваа држава. Водителот беше збунет и го постави повторно прашањето, а Атанасоски одговори: “Зошто да не!”


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top