Џорџ Буш со писмо до Македонскиот народ по повод референдумот

Поранешниот Американски претедател Џорџ Буш се обрати до Македонскиот народ..

До граѓаните на Македонија: Уште од првиот ден на независноста на вашата држава, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател. Американскиот народ се восхитуваше на вашето мирољубиво издигнувње од пепелта на Југославија. Ја почитуваме вашата храброст да се придржувате до демократските вредности и слободните институции. И го поддржуваме вашиот стремеж за остварување на напредок и безбедност во Европа, која е цела, слободна и живее во мир. 

Како претседател на Соединетите Држави, ми беше чест да го поддржам претседателот Трајковски во 2001, кога тој ја оттргна Македонија од работ на граѓанската војна во правец на општество дефинирано со мултиетничко разбирање и владеење на правото. И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004. 

На нашиот Самит во Букурешт во 2008, им кажав на лидерите на НАТО дека Македонија е подготвена и заслужува да се приклучи на нашиот голем сојуз. Иако бев разочаран што Македонија не влезе во НАТО за време на моето претседателство, отсекогаш имав верба дека и тој ден ќе дојде. 

Сега, во едно вака надежно време во животот на вашата земја, размислувам за бројните предизвици со кои се соочивте и ги надминавте. Исто така, размислувам за мојот покоен пријател Борис Трајковски. Претседателот Трајковски беше човек со интегритет, решителност и, најмногу од се, човек со верба. Тој имаше верба во Господ, верба во својата земја и нејзините луѓе, како и верба во способноста на нејзините лидери да носат мудри одлуки. Преспанскиот договор, што сега е пред вас за ратификација, е храбар и фер компромис. Тој ќе ја постави Македонија на патот да влезе во Европската Унија и НАТО и да ја оствари светлата иднина која што птерседателот Трајковски ја замислуваше.

Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја. Најголемиот сојуз за слобода во историјата чува место за земјата што ја сакате, а јас со нетрпение го очекувам денот кога Соединетите Држави гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО. 

Искрено, Џорџ В. Буш



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top