Џули Бишоп го откри писмото „без преседан“ на Северна Кореја

Северна Кореја презеде невиден чекор со дописот до австралискиот парламент со експлозивното писмо кое го демонизира американскиот претседател Доналд Трамп и кое на Австралија ѝ нуди „израз на нивната голема почит“..

Министерката за надворешни работи Џули Бишоп која го откри постоењето на писмото „без преседан“ на Феирфакс медија во четвртокот, рече дека писмото е јасен знак дека меѓународниот дипломатски притисок и економските санкции на Северна Кореја поради нивната нуклеарна програма и постојани тестови на интерконтиненталните балистички проектили почнаа да функционираат.

Писмото е напишано од страна на моќниот комитет за надворешни работи на Врховното народно собрание на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) и испратено преку амбасадата на Северна Кореја во Џакарта до австралиската амбасада во Индонезија на 28 септември. Оттука, кон Бишоп е упатено една недела подоцна.

Северна Кореја постојано им се заканува на САД, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и на другите западни сојузници, предупредувајќи ја Австралија минатата недела, по посетата на Бишоп на Јужна Кореја, дека ќе се соочи со „катастрофа“ ако продолжи „да ги следи САД во наметнувањето на воен, економски и дипломатски притисок врз Демократска Народна Република Кореја“.

Писмото го критикуваше жестокото предупредување на Трамп во говорот пред ОН во септември дека неговиот народ може „целосно да ја уништи“ Северна Кореја и наведе дека „ако Трамп мисли дека ќе ја донесе ДНРК, нуклеарната сила, на колена со закана од нуклеарна војна, тоа ќе биде погрешна проценка“, бидејќи „ДНРК се разви во полноправна нуклеарна сила“.

Во писмото се повикуваат парламентите на различните земји - очигледно е испратено и до други нации - кои сакаат мир да „ја исполнат својата мисија и должност во остварувањето на желбата на човештвото за меѓународна правда и мир со остра претпазливост против грозоморни и невнимателни потези на администрацијата на Трамп“.

„Ова е прво писмо што можеме да го најдеме дека некој австралиски министер за надворешни работи го добил од Северна Кореја... ова е отворено писмо, ова не е како вообичаено што испраќаат пораки низ целиот свет“, рече таа.

„Го читам ова како приказ дека колективната стратегија на сојузниците и партнерите за воведување на максимален притисок и дипломатски и економски санкции на Северна Кореја функционира; ова е многу невообичаен чекор за испраќања отворено писмо од овој вид.

„Овие две резолуции на Советот за безбедност на ОН, кои беа прифатени од Кина и Русија, за првпат наметнаа сеопфатни санкции против ДНРК. Повеќето од овие санкции мораат да бидат имплементирани од Кина. Мислам дека тоа покажува дека тие се чувствуваат очајни, изолирани, обидувајќи се да ги демонизираат САД, обидувајќи се да ја поделат меѓународната заедница“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top