Еден државјанин на Македонија заразаен од коронавирус

Еден од тројцата македонски државјани кои се наоѓаат во карантин на „крузер“ во Јапонија, е заразен од корона – вирусот..

Здравствените власти во земјата соопштија дека заразениот  веќе бил однесен во болницата Јокохама на медицински надзор, но додават дека станува збор за лесна форма на вирусот. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека биле во постојана комуникација со јапонските здравствени власти и од таму им било соопштено дека оние кои не се заразени со вирусот ќе го напуштат крузерот на 19 февруари, кога фазата на карантин ќе  заврши.

“Досега се тестирани 492 лица, од кои 174 се позитивни. Тестиравме и 221 други лица, а 44 дадоа позитивни резултати. Во меѓувреме, симнувањето може да започне на неинфицираните лица кои можат да бидат под грижа на надлежните органи”

Во меѓувреме, другите патници на бродот „крузер“ велат дека се многу загрижени за тоа што се наоѓаат на бродот.

“Загрижени сме, навистина. Размислуваме дека ако периодот на инкубација е 2 недели, а карантинот трае 2 недели, повторно ќе имаме нови случаи, веројатно дури и кога бројот ќе падне. Мислам дека бројот на заразените е поголем отколку што се надевавме. Мислев дека бројот ќе се намали побрзо.”

Досега бројот на жртвите од смртоносниот вирус достигна 1368, додека бројот на заболени само во Кина е околу 60.000. Стотици други погодени лица се во над 20 други земји надвор од Кина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top