Eден лист од ова растение ќе ви го спаси животот – вака се користи, и е лек за многу болести

Глуварчето, чиј латински назив е Taraxacum officinale, што во превод значи дива салата, претставува едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје..

Сите делови на глуварчето, коренот, стеблото, листовите и цветовите, има своја вредност и значење за здравјето. Најдобро е листовите да ги користите пред да процвета, коренот е најубаво да се употребува во пролет и есен, а стеблото пак се користи за време на периодот на цветање.

Чајот од глуварче се приготвува од коренот, така што коренот прво се суши, а потоа се иситнува. Една лажичка се става сув и иситнет корен, се става во 0.5 литри вода и се остава да зоврие. Оставете да врие 10 минути, а консумирајте го на 4 пати по половина чаша.

Глуварчето е посебно познато по неговата моќ за пролетно чистење на организмот од токсини, способноста да го зајакне имунитетот и поволно влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и системот за варење. Способноста за ослободување на организмот од наталожените штетните отрови е клучна лековита особина и токму затоа глуварчето е ценета храна која помага во заштита од канцерогени промени, односно рак. Одличен диуретик е заштитник на организмот од кожни заболувања и реуматските симптоми, чија веројатност за настанување се намалува по извршено чистење на организмот од токсините.

Глуварчето е корисна храна и лек против инфективни заболувања, посебно во фазата на реконвалесценција (опоравување). Во неговиот состав се наоѓаат доволни количини на корисни материи за организмот, како што се витамини од Б групата, витамините А, Ц и Д, минералите цинк, магнезиум, калиум и железо. танини и флавоноиди. Горчливите материи во неговиот состав придонесуваат за подобар апетит, подобро варење на храната и олеснување на желудочни тегоби, како и за стимулација за излаќување на жолчниот сок. Ја прочистува крвта и помага во намалување на лошиот холестерол, а се смета и за природен лек за атеросклероза и камен во бубрезите. Посебно се истакнува неговата моќ и помош против здравствени тегоби и воспаленија на црниот дроб и жолчната ќеса, жолчни камења и цироза.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top