Еди Рама им објави „војна” на казината и обложувалниците во Албанија

Владата на Албанија им објави „војна“ на сите казина и обложувалници кои се наоѓаат во градовите во оваа земја..

За да се спречи ширењето на коцкањето, наредено е дислокација на сите казина и обложувалници надвор од градовите.

Еди Рама, албанскиот премиер порача дека сите казина, обложувалници и други објекти кои нудат обложување, ќе мораат да се затворат и да се преселат надвор од градските средени до крајот на годината. Според Рама, крајниот рок за пренесување на објектите е 31 декември 2018 година. Оние кои нема да го сторат тоа, ќе бидат канзети.

Албанскиот премиер ги предупреди и медиумите да престанат со рекламирање на обложувањето, или во спротивно ,,ќе бидат присилно затворени”.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top