Единствена Македонија: СДСМ лаже дека невработеноста е намалена

Единствена Македонија преку соопштение реагира на објавите на СДСМ дека државата бележи раст на економијата и намалување на невработеноста..

„Владата на СДСМ очигледно го губи компасот, бидејќи, на пример, мерката на владата за распоредување на 1.611 Албанци од ДУИ по државните институции, а кои досега седеа дома и земаа плата, не значи и зголемување на вработеноста, а во однос на платите, добро е од СДСМ да посочат некој сектор каде вработените веќе уживаат во повисоките плати“, се вели во соопштението.

Вработеност и висок стандард за граѓаните според нив, ќе има кога новата легална власт на Единствена Македонија, покрај национална, ќе спроведе и социјална револуција, што подразбира иднина на земјата која нема да се темели на кредити и странски задолжувања, туку со одржлив буџет без странско задолжување, со развивање на домашното производство и чесно домаќинско работење.

„Со ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација и постприватизација каде СДСМ и ВМРО-ДПМЕ во изминатите 27 години извршија грабеж на околу 15 милијарди евра народен имот, со ослободување од економското ропство на Европската унија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија, со уништувањето на економските политики на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ а со кои Македонија 27 години преживува на кредит и странски задолжувања, како најновиот пример со владата на СДСМ која за само 9 месеци ја задолжи Макеоднија со нови 1.4 милијарди евра, како и повеќе други наши мерки“, реагира Единствена Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top