Едно лице загина при судир на два помали авиона над трговски центар кај Монтреал

Тројца се повредени, а едно лице загина..

Едно лице загина, а тројца се повредени при судир на два мали авиона над трговски центар во близина на канадскиот град Монтреал, изјави министерот за јавна безбедност на канадската провинција Квебек, Мартин Коатјо.

Еден од авионите се урнал врз покривот на трговскиот центар, а другиот на паркингот.

Засега не е позната причината за несреќата, соопшти полицијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top