Екологисти бараат од Заев мораториум за градење во Охрид

Неколку еколошки здруженија испратија допис до премиерот Зоран Заев во кој бараат да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион..

Еколошкото здружение „Фронт 21/42“, граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ се повикуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2017 година во која се препорачува таква мерка.

Според организациите, препораката за прогласување на мораториум била во групата итни мерки што Владата требало да ги спроведе до 1 февруари годинава, но била целосно игнорирана.

Тие посочуваат и дека Владата на 6 февруари усвоила информации кои се однесуваат на активности во Охридскиот регион, а кои предвидуваат крајбрежни трансформации на Охридското Езеро.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top