Економијата пред политиката во договорот меѓу Белград и Приштина

Во Овалната соба на Белата куќа во Вашингтон, делегациите на Белград и Приштина вчера доцна попладне потпишаа договор за нормализирање на економските односи..

Косовскиот премиер Авдулах Хоти во обраќањето до медиумите по потпишувањето на Договорот за нормализирање на економските односи, рече дека денеска во Вашингтон е потпишан историски економски договор со Србија.

Тој ја истакна важноста на договорот, бидејќи, како што вели, тоа е чекор поблиску до конечен договор и меѓусебно признавање.

Претседателот на Србија, Вучиќ, пак, вели дека е потпишан билатерален договор меѓу Србија и САД, а третата страна, односно Косово, „не е признаена“.

Договорот се состои од 16 точки, а во нив се усогласуваат отворените прашања од областа на економијата и инфраструктурата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top