Екрем изеде ќотек од сопругата

Модар и црвен од ќотекот, Екрем почнал да плаче и да се правда дека бил пијан, не бил свесен за своите постапки и не знаел дека го снимаат..

Сопругата на Екрем Јевриќ го истепала затоа што и признал дека во Белград снимил порно филм со две девојки- Кубанка и Србинка.

-Екрем отиде во Њујорк да се види со семејството, но неговиот престој беше многу болен. Игбала полуде поради порничот. Тој е сега во Црна Гора, но таму не зборува за новиот бизнис потфат, бидејќи му забраниле продуцентите. Но, на блиските пријатели им раскажал дека Игбала го претепала. Го мавала со тенџериња, тањири, вазни...го скршила пола стан во Њујорк. По 10 минути од демолирањето на станот, Игбала не се смирила, па почнала да го удира со тупаници и шамари, - вели извор близок до Екрем, на кој му се пожалил.

Модар и црвен од ќотекот, Екрем почнал да плаче и да се правда дека бил пијан, не бил свесен за своите постапки и не знаел дека го снимаат.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top