Екс играчот на „граѓаните“: Реал е оштетен, тоа не беше за црвен картон на Рамос

Долгогодишниот голман на Манчестер Сити кој во моментов настапува за Барнли, Џо Харт по синоќешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (1-2) беше искрен..

Англичанецот смета дека дефанзивецот на „кралевите“, Серхио Рамос незаслужено добил црвен картон и бил исклучен.

“Тоа не беше црвен картон, Габриел Хесус чекаше само Рамос да го допре за да падне. Најмногу жолт картон, но со ова сценарио, сега капитенот на Реал е надвор од конкуренција за реваншот“, изјави Харт.

Овој потег, односно црвениот картон предизвика големи полемики и коментари, но на реваншот јасно е дека Зидан ќе мора без својот одличен играч.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top