Екс премиерот Љубчо Георгиевски со интересна честитка по повод денот на независноста на Македонија

Љубчо Георгиевски кој во 90-тите години беше еден и единствен кој зборуваше за независна и самостојна Македонија, држава со своја валута, армија и репрезентација, денеска се огласи со интересна честитка на својата официјална фејсбук страница..

„Кога ќе се сетам колку големи Југословени бевме количински и содржински добро е што стигнавме до 28 години независност. Честито државност“, напиша Георгиевски.

Инаку, признание дека Георгиевски бил водач на таа група која се борела за независноста на државата пристигна и од Панде Колемишевски, еден од соработници на Киро Глигоров во 90-тите години. 

За тоа освен Колемишевски пишуваше и Ал Џезеира односно познатиот новинар Горан Милиќ кој вели дека токму Љубчо Георгиевски бил првиот политичар рекол „Македонија мора да биде независна држава“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top