Ексклузивни Фотографии: 142 Години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Гоце Делчев, идеологот кој пред повеќе од еден век рече: Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите..

Гоце Делчев,  роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. 

Гоце Делчев учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. 

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Свештеници од Скопската епархија на МПЦ – ОА денеска одржаа панихида по повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-1903) во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог.

Цвеќе и венци пред саркофагот на Гоце положија делегации на Собранието и Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на РМ, од Армијата на Република Македонија, Здружението на борците, МАНУ, Град Скопје, од собранијата на општините Делчево, Тетово, Струга, Битола и Дебар, Матицата на иселениците, претставници на политички партии, на здруженија на граѓани, општини и на други локални установи. 

Делегациите се поколонија и пред спомениците на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

142 годишнината од раѓањето на Гоце се одбележа и во универзитетот Гоце Делчев во Штип, како и во градот Делчево кој  го носи името на овој голем македонски револуционер.

На чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, но и во чест на сите борци за национална слобода на македонскиот народ, настапи мешаниот градски хор „Вардар“.

Погледнете како се одвива настанот на 4 февруари пред гробот на Гоце Делчев овде...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top