(ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ) Македонскиот Амбасадор Веле Трпевски во официјална посета на Западна Австралија

Прва официјална посета на македонскиот Амбасадор Веле Трпевски на Перт - Западна Австралија..

Амбасадорот на Република Македонија неговата Екселенција г-дин Веле Трпевски за време на неговата  посета на Западна Австралија оствари повеќе средби со високи државни функционери на Австралија.

Како што веке информиравме тој беше дел од тридневната посета на Западна Австралија во организација и на покана од  Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп.

Амбасадорот оствари повеке значајни средби, но две од нив се исклучително важни и тоа едната со министерката за надворешни работи госпоѓата Џули Бишоп, и другата со Државниот Секретар за Надворешни работи П. Варгес.

На средбите детално се разговарало за интересите на Македонската заедница во Австралија, како и за сите проекти опфатени во програмата на Амбасадорот.

Дополнително било договорено да се остварат дополнителни средби во Министерството во Канбера, со цел да се допрецизираат и конкретизираат сите аспекти на соработка помеѓу двете земји.

Во рамки на посетата на Западна Австралија, од страна на Претседателот на Парламентот бил организиран ручек за Амбасадорот Трпевски, на кој било разговарано за парламентарната соработка како и за претстојниот меморандум кој треба да се потпише за соработка помеѓу парламентите на двете земји.

Амбасадорот Трпевски го поканил Претседателот Сатерленд да ја посети Република Македонија, а тој со задоволство ја прифатил поканата.

Се очекува Сатерленд да ја посети Република Македонија кон средината на Јули годинава. 

При четиридневната посета на нашата земја е планирано тој да ги посети Скопје и Охрид.

Македонскиот Амбасадор г-дин Веле Трпевски се сретна и со Македонски организации од Перт Западна Австралија и ги посети двете Македонски Православни цркви Св. Никола кои го носат истото име.

Тој исто така го посети местото каде се гради новиот Македонскиот Православен Храм „Св. Никола“ , а свештеникот Вецко Каранфиловски го запозна повеќе околу изградбата на тој храм.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top