ЕКСКЛУЗИВНО: АНЕТА МИЦЕВСКА доби песна и ќе учествува во изборот на песна за Евровизија

Најголемата Македонска музичка икона Анета Мицевска продолжува да напредува во својата музичка кариера и не престанува да ги изненадува своите обожаватели..

Најновото изненадување, а секако слободно можеме да кажеме и најпријатно е најновата информација дека наредната 2018 година нашата АНЕТА МИЦЕВСКА МОЛИКА за прв пат ке добие песна и ќе учествува во изборот на песна за Евровизија.

Но секако НЕ по секоја цена велат од група Молика!!! 

Се разбира Анета на Евросонг оди со проверен тим и преубава песна!!! Она што засега е познато е дека композитор ќе биде еден од најпознатите Македонски композитори односно Григор Копров.

Се надеваме дека Анета ќе победи и тоа ќе се случи бидејки ние веруваме премногу во нашата Анета бидејќи тоа што таа го има од Бога подарено многу мал број на луѓе во светот го имаат. 

Сите знаеме дека Анета нема нешто што не може да одпее, а тоа го има докажано многупати и тоа е потврдено од многу познати музички ѕвезди и луѓе компетентни да дадат оценка кога е во прашање квалитетен и добар глас.

Така да и на Изборот за песна за Евровизија доколку Анета биде избрана да ја представува Македонија на Евровизија ние тврдиме и сме сигурни дека Анета е таа која ке ја претстави Македонија во најдобро светло.

Анета долги години веќе е најпосакуваната пеачка и од нашинците во дијаспората посебно во Австралија.

Затоа да ја подржиме и кога ќе треба да гласаме сите до еден затоа што Анета и Република Македонија со Анета тоа го заслужуваат.

Се надеваме на ваша подршка и од Македонија и од дијаспората каде што Анета има најмногу обожаватели.

Погледнете и слушнете како Анета може да се докаже со својот ангелски глас


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top