ЕКСКЛУЗИВНО: Архимандритот Гаврил пристигна во Мелбурн

Него го пречекаа голем број на верници кои му честитаа за новиот чин - Архимандрит..

Новоизбраниот Архимандрит Гаврил (Галев) пристигна аеродромот Туламарин во Мелбурн.

Со Архимандритот Гаврил до Мелбурн патуваше и Украинскиот Владика со кој при самото пристигнување во Мелбурн направија заедничка фотографија. Украинскиот Владика е во посета на рускиот епископ Георгиј и yтре ќе служат заедно во Мелбурн а после ќе оди во Џeлонг, а Архимандритот Гаврил замина за Манастирот "Св. Климент Охридски" во Кинглејк. 

Утре, Недела 12 ноември ќе има утринска Богослужба каде што ќе Началствува Архимандритот Гаврил на која што се поканети сите верници.

Радоста кај верниците кои го пречекаа Отец Гаврил се гледаше на нивните лица.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top