ЕКСКЛУЗИВНО: Епархијата на Митрополитот Петар официјално приватизирана

Како Владиката Петар ќе им објасни на верниците во Австралија и на САС на МПЦ - ОА дека Епархијата е веќе приватна компанија?.

Официјално се дознава дека Македонската Православна Црква Епархијха за Австралија и Нов Зеланд е регистрирана во ASIC (Комисијата за хартии од вредност и инвестиции) како Австралиска Јавна Компанија со ограничена одговорност на ден 22 април 2016 година.

Г.Петар, надлежниот Архиереј на горенаведената Епархија, борејќи се во изминативе 18 години судски против таквите регистрирани цркви и црковни општини односно Црквата Св. Петка од Сиднеј, сега самата Епархија ја регистрира по ист начин како Компанија.

Земајќи ги во обзир многуте милиони долари потрошени за овој судски спор и големата поделба што се направи на самиот народ и верници, можеме да заклучиме дека не се постигнало ништо позитивно ниту за народот ниту за црквата.

Се прашуваме од денес дали македонските православни верници ќе одат и ќе се црквуваат во православен храм или во јавна  компанија?

Документот подолу потрврдува дека официјално Епархијата е приватизирана.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top