(ЕКСКЛУЗИВНО) Македонската Добротворна Организација (MCWA) од Мелбурн назначи нов Директор

Соопштение за јавноста од Македонската Добротворна Организација (MCWA).

Претседателот на Македонската Добротворна Организација, г-дин Горан Торбаков, денес го објави назначувањето на Маријана Андоновски како нов директор на Македонската Добротворна Организација.

Во најавата, Торбаков рече „Македонската Добротворна Организација е водечки сервис провајдер во Македонската Заедница за давање услуги и унапредување на здравјето и благосостојбата.“

„Назначувањето на г-ѓа Андоновски на оваа нова позиција ја покажува заложбата на управниот одбор, и важноста од промени во организацијата, лидерството, оперативната одговорност, стратешкиот раст и долгорочната одржливост.“

„Богатата кариера на г-ѓа Андоновски во стратешкиот и бизнис развојот, компетентноста и извршното раководство ќе допринесат Македонската Добротворна Организација за да расте и да оствари многубројни партнерства во иднина“.

Семејството на г-ѓа Андоновски потекнува од Битола Македонија, а таа е родена и израсната во Австралија.

Таа со голема посветеност ги поддржува повозрасните лица од македонската заедница и ја зацврстува улогата на Македонската Добротворна Организација (MCWA) во Австралија.

По успешната кариера во областа на финансиите, г-ѓа Андоновски до неодамна имаше улога на Извршен лидер во истакнати организации во заедницата, управувајќи со промените и трансформација за да се постигнат успешни резултати во областа на здравството и во заедницата.

Со прифаќањето на позицијата, г-ѓа Андоновски истакна дека одвај чека да започне да работи заедно со управниот одбор на MCWA во иднина. 

„Можноста да се води организација која е со постојана и високо ценета репутација на давање услуги за социјална помош на Македонската заедница во Викторија е прекрасна и возбудлива. “ - вели Андоновски.

Со нетрпение очекувам да работам со нашите луѓе, нашите засегнати страни и нашите партнери во заедницата и заедно да го продолжиме наследството на нашиот основач г-дин Ѓорѓи Коштревски (George Kostrevski), да ја позиционираме Македонската Добротворна Организација на високо ниво и да создадеме услови да опстои и да постои во иднина вели во соопштението г-ѓа Андоновски.

За повеќе информации контактирајте го 

Горан Торбаков - Претседател на Управниот одбор [email protected]

(Превод од Англиски на Македонски: Марио Ставрески)


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top