ЕКСКЛУЗИВНО: Марјан ја направи Елена Велевска ѕвезда, таа него го претставува како насилник

Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн..

Фолкерката Елена Велевска се разведува од Марјан Мирчески Мац меѓу народот познат како градска фаца и модна икона на Охрид, Мелбурн и Сиднеј.

Марјан долги години живееше во Австралија и е добро познат како човек од подземјето и важеше за голем заводник и освојувач на женски срца, голем љубовџија и човек покрај кој што лудуваа скоро сите женски што го познаваа.

Од тотално анонимна личност Елена Велевска станува сопруга на Марјан со кого имаат три прекрасни дечиња и благодарение на кого станува позната и популарна фолкерка како во Македонија, така и во дијаспората.

Големиот број на врски што ги поседува Марјан и помогнаа и помогнаа да стане дел од големата продукциска куќа Пајнер.

Елена често гостуваше по медиумите и постојано даваше изјави дека е многу среќна сопруга и дека и покрај големиот број на работни обврски и голем број патувања како низ земјата така и низ странство ја имала неизмерната поддржка од сопругот Марјан кој што несебично се грижел за дечињата додека таа била отсутна.

Елена на својот Фејсбук профил објави дека се разведува од својот сопруг Марјан поради семејно насилство и оттука се наметнува прашањето зошто давала изјави по медиумите и од што се плашела Елена.

Деновиве Елена Велевска е многу популарна и во Грција со големиот број на фотосесии и очигледно фолкерката ќе си ја бара среќата во кариерата која што ја изгради благодарение на сопругот Марјан, а Марјан веројатно повторно ќе биде ставен на големи маки затоа што во неговото опкружување се појавија многу атрактивни млади девојки кои со нетрпение чекале Марјан да се ослободи од прангите на бракот. 

Пред неколку години Марјан решава да се врати во родниот Охрид и таму да го продлжи својот живот каде што и склопува брак со фолкерката Елена Велевска која што во тоа време беше анонимна личност која што запловуваше во естрадата.

Тешки биле моментите кога Марјан како позната градска фаца и како модна икона морал да вложи многу труд и средства за да создаде манири кај нејзе за да ја приближи до неговиот начин на живот и да стане дел од градскиот живот и градските фаци, но за жал и покрај големиот труд од негова страна таа не успеала да се вклопи во тој живот.

Желбата да живее покрај езерски и морски води била преголема а тоа и го овозможил нејзиниот сопруг Марјан. Елена по потекло е од Прилеп каде што главна атракција е реката „Лајнарка“, а кога доаѓала на плажа во Охрид на песокот и камењата одела во штикли, но чест на нејзиниот сопруг Марјан локалното население кое го познавале него се возджувале од коментари, бидејќи била предмет на мајтап.

Во изминативе години Елена била изложена на повеќе хируршки зафати и се почесто сама се фотогрфираше и ја фотографираа познати фотографи во Македонија и пошироко.

И покрај големиот број на пластични корекции на нејзиното тело и лице тоа не и помогна да се разубави до степен до кој што таа сакаше па неодамна на социјалните мрежи излегоа наслoви и фотографии од нејзиниот вистински лик и секако поплака од луѓето кои што и ги фотошопирале фотографиите за да може на Фејсбук и Инстаграм да изледа беспрекорно убава но за жал Елена не им го платила нивниот труд по што тие во знак на револт објавиле мал дел од фотграфиите кои што ги поседуваат, а кои што ги фотошопирале.

Еве ги нефотошопираните фотографии од Елена Велевска кои што се шират по социјалните мрежи:


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top