(ЕКСКЛУЗИВНО) Пеце Наумовски освои златен медал на Австралиското национално првенство во карате - СИДНЕЈ 2017

На Австралиското Национално Првенство кое што се одржа во Сиднеј на 05-06 Август 2017, Пеце Наумовски со извонредна техника и брзина доби златен медал во сениорска конкуренција под 67 килограми.

Карате шампионот Пеце Наумовски издвои уште една победа и златен медал во својата долгогодишна успешна спортска кариера.

 На Австралиското Национално Првенство кое што се одржа во Сиднеј на 05-06 Август 2017, Пеце со извонредна техника и брзина доби златен медал во сениорска конкуренција под 67 килограми. 

Со ова се докажува дека Пеце Наумовски неуморно тренира на своите карате вештини и техника. 

 Победата која што Пеце Наумовски ја издвои на Австралиското Национално Првенство е доказ за неговата решителност и способност дека неговиот нареден натпревар на Светско Првенство во Шпанија ќе резултира исто така со победа. 

Оваа година во октомври, Пеце има чест по трет пат да ја претставува Австралија на светско првенство во Шпанија. 

Категоријата на Пеце ќе биде во сениорска конкуренција и до 67 килограми. Подготовските ке се рализираат во Мадрид а светското првенство ке се одржи од 16.10 до 29.10 2017 на шпанскиот остров Санта Круз. 

 Нашиот каратист Пеце живее и диши за каратето, секојдневно тренира и кога е во ринг се натпреварува со цела сила кон победа. 

На Пеце му посакуваме овојување на шампионската титула на светското првенство во Шпанија со што среќна ќе биде цела Австралија а уште посреќна и Македонија која за прв пат во историјата се надеваме дека ќе има светски сениорски првак во карате.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top