(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Славица Јанкуловска од Фаланга Tравел вплеткана во финансиски скандал

Скандал од невидени размери ја тресе Македонската заедница во Мелбурн, многу македонци изгубиле стотици илијади долари за патување до Македонија но нивниот сон не се оствари - останаа дома во Мелбурн.

Деновиве Мелбурн го потресе уште еден скандал предизвикан од туристичката агенција Фаланга Травел во сопственост на Славица Јанкуловска која работи и живее во Мелбурн долги години. Нејзината агенција се наоѓаше на 667 High Street во Престон во Мелбурн, Викторија.

Имено, голем број на наши Македонци кои живеат и работат во Австралија се изманипулирани и финанскиски оштетени од страна на сопственичката на начин што им земала пари за авионски билети до Репбулика Македонија како и до многу други различни дестинации ширум светот, притоа не издавајќи им фискална сметка за извршените трансакции.

Многумина од оштетените се пожалија дека од кредитните картички им биле повлекувани повеќе од потребните средства за билет.

Агенцијата Фаланга Травел во моментот е во ликвидација од страна на ликвидаторот Глен Џон Спунер од Кор Кордис.

Исто така голем број од оштетените имаат поднесено пријави до Викториската Полиција. По барање на дел од оштетените случајот да биде пренесен преку медиумите и јавно да се слушне за нивната мака денес од пред поранешната канцеларија на агенцијата ви пренесуваме неколку изјави на лица оштетени финанскски и изманипулирани од госпоѓа Јанкуловска.

За жал ова е голема црна дамка во Македонската заедница во Австралија и за жал веќе последиците се осеќаат врз грбот на други чесни бизнинси на Македонски бизнисмени дека така се губи довербата.
За оние кои сакаат да пријават случај во полиција кои изгубиле пари од Фаланга Травел да отидат на лице место и во полицијата Престон и да дадат изјава на адреса:

Preston Police: Address: Roseberry Ave, Preston VIC 3072 Phone(03) 9479 6111

Или случајот да го пријават во ASIC:  Customer service: 1300 300 630

Или во Компанијата задолжена за ликвидација на Фаланга Травел -  COR CORDIS: Level 29, 360 Collins Street, Melbourne VIC 3000 - Stephen Mitting - (03) 8320 5624




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top