(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Вистината, зошто портите на Црквата „Св. Димитрија“ во Спрингвал останаа затворени

Забрана на Свештеникот Миле Талески да служи во Црквата „Св. Димитрија“ во Спрингвал..

Вчера на празникот „Св. Георгиј“ во утринските часови се случи уште еден скандал во Австралиско-Новозеландската Епархија во Црковната Општина „Св. Димитрија“ во Спрингвал.

Управата на црквата „Св. Димитрија“ го молеше свештеникот да ја отвори портата бидејќи тој ги има сите клучеви од црквата, но црквата остана затворена.

Причината за оваа конфронтација беше ненадејната смена на управата и свештеникот Глигор Киселинов. Свештеникот Миле Талески на полицијата и даде документ дека Владиката Петар назначил нова привремена управа без да се одржи црковно собрание со состав: Миле Талески, Будимир Секулоски, Ило Ристески, Живан Александер и Тасе Ромев.

По вербалната расправија помеѓу свештеникот и верниците, свештеникот беше принуден да вика полиција.

Полицијата пристигна и се поразговара и со управата и свештеникот за да се дознае вистината кој е виновник за затворената порта.

Полицијата го прашуваше свештеникот Талевски дали има контакт со Владиката Петар, но свештеникот беше конткеретен дека нема контакт со Владиката.

Разговорот се држеше во наше присуство и ние од „Фаланга“ веднаш воспоставивме врска со Владиката Петар во Македонија и полицијата разговараше со него околу овој проблем.

После долгата конфронтација помеѓу управата и свештеникот, не успеаја да пронајдат заеднички јазик и да го надминат недоразбирањето, па полицијата донесе одлука сите да си заминат дома, а црквата да остане затворена се додека не се пронајде решение на проблемот.

Полицијата донесе одлука црквата да остане затвора и кажа дека најверојатно ќе следи граѓански суд.

Свештеникот Миле Талески од порано знаеме дека е непожелен во оваа црковна општина, како и во црквата „Св. Никола“ каде што му се случи истиот скандал.

Верниците во Српингвал вчера останаа на улица загрижени и разтревожени, исто како и кога истото се случи во црквата Св. Никола.

Погледнете го видеото од настанот на кое јасно се гледа што точно се случуваше пред Црквата „Св. Димитрија“ во Спрингвал.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top