(ЕКСКЛУЗИВНО) Вратисе Владико Петар назад во Австралија, полицијата те бара!

Пишува: Никола Ставрески.

Поминаа неколку денови од кога многу верници останаа зачудени од фактот дека Администраторот Петар Каревски екскпресно замина назад во Македонија а тие го чекаа во Перт, Порт Кембла и Бризбан, а од него ни соопштение ни глас.

Ние од Фаланга примивме повеќе телефонски повици да му за да му одговориме зошто се тие излажени и Администраторот Петар Каревски за сега не дал поојаснување дека не бил во канонска посета на местата каде што го чекале но ние соопштуваме само тоа што го знаеме и ние не сме Епархиски потпарол да ја запознаваме јавноста. 

Tоа треба да го прават тие што се од Епархискиот Управен Одбор кои најверојатно кријат многу работи и не ги соопштуваат во јавноста.

Многу медиуми од Мелбурн и Австралија не добиле Епархиско соопштение да кажат што се случува со Администраторот Каревски.

Како што сме ние запознати отец Никодим Солунчев ја посетува Полициската станица во Крајгебурн  и наскоро треба да се појави на суд.

Јавно ги прашуваме надлежните од Епархијата да дадат одговор на јавноста зошто отец Никодим Солунчев ја посетува Полициската станица во Крајгебурн и што сторил?

Некои од јавноста знаат но голем број не знаат дека Администраторот Петар Каревски поседувал имот во Австралија и тоа под две имиња - Петар/Јован Каревски, дали членовите од СИНОДОТ на МПЦ- ОА се запознаети дека на тапиите од црковниот имот во Австралија Петар/Јован Каревски бил директор на компанија во Австралија? 

Во јавноста се зборува дека полицијата го бара Администраторот Петар Каревски на повеќе места но тој ги прекина своите планови во Сиднеј  и тивко и скришно си замина за Македонија а неговите искази дека наводно морал да патува назад да се спреми за Синодската седница.

Не е лошо народот да ја знае вистината дека Епархијата должи над 6 милиони долари за судските трошкови во Австралија.

Се прашуваме зошто ги смени плановите Администраторот Каревски веднаш да ја напушти Австралија и кој му помогна да се остварат плановите Петар Каревски да избега од Австралија?


Затоа загрижените Македонските православни верници од Мелбурн на 18ти февруари 2016 пред портите на манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Донибук ќе одржат мирни протести во 8,15 часот утрото и ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од тој настан.

На тој ден закажано е Епархиско Собрание а претседателот Петар Каревски деновиве побегна во Македонија и ги остави други да му ги вршат работите.

На тој ден ќе му се даде подршка на сите свештеници кој се под притисок да ставаат потпис против отец Гаврил.
Повеќе информации кај Никола Ставрески на моб: 0420 641 877 -
Вистината мора да победи - обединети сме посилни, ние сме за една Епархија.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top