(Екслузивни фотографии) Предадени акредитивните писма на Македонскиот Амбасадор во Канбера, г-н. Веле Трпевски

Неговата Екселенција г-н. Веле Трпевски од 18-ти овој месец е официјално вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Австралија..

Г-н. Веле Трпевски коj што беше назначен за оваа функција од Претседателот на Република Македонија Проф.Д-р. Ѓорѓе Иванов, официјално ги предаде акредитивните писма за Комонвелтот на Австралија и со тоа е новиот македонски амбасадор во Канбера.

На свечениот чин при предавањето на акредитивните писма во резиденцијата на Генералниот Гувернер на Комонвелтот Австралија во Канбера, беше придружуван од првиот секретар г-н. Мајкл Сибиновски.

Согласно протоколот на Австралија по Неговата Екселенција г-н.Трпевски беа испратени службени возила со придружба до Амбасадата на Република Македонија од каде што започна церемонијата до резиденцијата на Генералниот Гувернер на Комонвелтот на Австралија.

По предавањето на акредитивните писма од страна на македонскиот амбасадор г-н. Трпевски на Гувернерот Мари Башир, која ги прими акредитивните писма и ја водеше церемонијата во службено отсуство на Генералната Гувернерка Квентин Брајс поради посета на НР Кина, следеше интонирањето на македонската химна и исто така беше извршена смотра на армиските сили на Австралија.

Истиот ден по предавањето на акредитивните писма од страна на Македонскиот амбасадор, беа предадени акредитивни писма и од новоименуваните амбасадори на Хрватска, Романија, Италија, Малезија и Белгија.

Фаланга обезбеди неколку фотографии од започнувањето на свечената церемонија пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера и фотографии од предавењето на акредитивните писма во резиденцијата на Генералниот Гувернер на Комонвелтот Австралија.

Погледнете ги другите фотографии од настанот тука...




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top