Експерт тврди: Пилотот кој го возел Сала имал - просторна дезориентација!

Хуан де Азар е пилот со преку 400 летови над англискиот канал, кој за аргентински „Кларин“ откри како авионот исчезнал и се урнал во него..

Азар, кој ги следел сите официјални податоци кои излегле на површина по исчезнувањето на авионот пред две недели, дошол до заклучок дека Иботсон бил просторно дезориентиран и поради незнаењето да ракува со инструментите во авионот се случила несреќата.

Сето тоа го базира на фактот дека беше официјално објавено дека пилотот немал лиценца за комерцијални летови.

„Без официјална истрага не можеме да знаеме што точно се случило, но сè посочува дека овој лет не требало да се случи, особено не со пилот кој не е квалификуван за ваков лет. Тоа што го знаеме е дека пилотот барал намалување на висината. Јас сум ја летал таа рута преку 400 пати и таа не е нешто специфично тешка. Поминувате над вода, а причина зашто барате намалување на висината е затоа што авионот се заледувал. Но, од информациите кои ги имаме, дека пилотот не бил квалификуван за таков лет, значи дека не ги знаел инструментите со кои лета. Во друг случај многу ќе било полесно. Мислам дека тој во маглата, не знаејќи како да лета со тие инстументи, едноставно бил – просторно дезориентиран“, вели Азар.

Додава дека секој квалификуван пилот со добра обука и тренинг, лесно ќе го минел каналот и ќе летал на ниска височина ако сфатил дека авионот замрзнува.

Но, авионот исчезнал над островот Гернзи откако по барањето да се намали висината, го снемало од радарот.

„Во таков случај вашето тело ви дала поинакви сигнали, телото ви говори дека пропаѓате или се качувате, но единствено мерило се инструментите. Ова било рутинско, само требало пилотот да има дозвола, обука и добар тренинг со таков авион. Тука не е проблем дали авионот имал еден или два мотори. Јас ќе ви кажам дека најголемиот дел од авионски несреќи се од човечки фактор, не од неисправност на авионот. Такви грешки со неисправност се 3-4 отсто. Не повеќе“, додава тој.

Авионот со Сала вчера беше пронајден во англискиот канал и тоа во првиот ден од приватната истрага која ја почна семејството со помош од најголемите фудбалски ѕвезди. Допрва истражителите за авионски несреќи ќе ја утврдуваат причината за падот, а отежнувачка околност за да сфатат што точно се случило е податокот дека „Пајпер Малибу“ е авион кој нема црна кутија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top