Експерти, интерпелации за спас на Зврлевски

Интерпелациите за министрите во влaдата на Зоран Заев, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се параван зад кој партијата се обидува на секој можен начин да го пролонгира разрешувањето на Марко Зврлевски, смета поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

Според него не е тајна дека опозицијата не сака државниот обвиниел да биде разрешен. Интерпелациите за него се несуштински, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се обидува во собраниската сала да наметне теми од нивен интерес, и партијата да диктира што ќе се зборува од говрница.

„Мислам дека интерпелациите се една офанзива, со однапред пресметан исход. Ние во првите 100 дена немавме интерпелација, незнам сега како е. За првите 100 дена од владата немавме, дали тоа беше фер однос или така ни беше правилото, така практикувавме, после 100 дена може да се расудува за тоа како работи владата и функционерите какви мерки презеле“ – изјави Стојан Андов, поранешен Претседател на Собранието

Поранешниот пратеник Мерсал Билјали во интерпелациите на ВМРО-ДПМНЕ препознава обид да се закочи процеост на реформи.

„Опструкцијата се прави целосно, значи институциите и државата се блокираат, неусвојувањето на законите, неусвојувањето на проектите и различните програми, вклучувајќи ги и кадровските промени има за цел поткопување на реформскиот процес во државата, и мислам дека неговата одговорност оди до апсурд, бидејќи потценувањето на интелегенцијата на просечните луѓе дека интерпелациите се оправдани, иако не поминаа ниту 100 дена, не се изменети ниту поголемиот дел од законите, а дека некој ќе верува во ова, е надвор од секаква здрава логика“ – изјави Мерсал Билјали, поранешен пратеник

Собранискиот деловник предвидува дека, министрите за кои е поднесена интерпелација, имаат рок од 15 дена писмено да одговорат од денот кога ја примиле. Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница во Собранието по истекот на 15 дена од денот на доставување на одговорот до пратениците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат по 20 минути да ги образложат интерпелациите за секој министер, а министрите пак 20 минути да се бранат. Претресот по интерпелацијата трае еден ден а се одлучува најдоцна до полноќ. До сега опозицијата поднесе четири интерпелации, за министрите, Драган Тевдовски, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Никола Димитров. Најавени се уште три.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top