Експерти: Постапката за екстрадиција возможна без одолговлекување

Сите списи од предметот против Горан Грујевски и Никола Бошковски ги има во Кривичниот суд..

Таму се и обвинението и одлуката на Апелација за притвор. Затоа, адвокатот Јован Јоанидис очекува дека прибирањето на целокупната документација потребна за нивна екстрадиција нема да трае долго, без каква било институционална блокада.

„Доколку Министерството за правда се обратило до Апелациониот суд во Скопје како надлежен суд за основните судови во земјава, тој ќе си го земе предметот со писмо од Кривичкиот суд и ќе го достави до Министертсво за правда. Тоа е работа од 3 до 5 дена. Не може подолго да трае. Така да министерството ќе постапи благовремено“, рече Јован Јоанидис – Адвокат.

Од Министерството за правда информираа дека вакво барање вчера пратиле до Апелација, а од таму е препратено во Кривичен. Од судот инфпрмираат дека ќе одговорат во најбрз рок, без да прецизираат кога.

Пранешните високи функционери на УБК Грујевски и Бошковски вчера се појавиле на првото рочиште во судот во Солун поради поседувањето фалсификувани пасоши, но рочиштето е одложено за во вторник зашто судот немал преведувач на македонски јазик.

Паралелно со овој процес, треба да започе уште еден во кој грчкиот суд треба да одлучува по потерницата од Интерпол, но дури откако Македонија ќе ги достави потребните документи и барањето за екстрадиција.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски веќе ги потврди информациите на Алсат М дека двоецот на тајната полиција Горан Грујевски и Никола Бошковски, имале логистика од Македонија додека биле во бегство. Информациите за локацијата на двајцата бегалци МВР ја  добило од дојава , а имало и соработка со службите од соседните земји.

Двајцата бегалци имале лажни буагрски пасоши. Горан Грујевски се прекрстил во Христо Иванов, додека Никола Бошковски во Неџби Хасан. Беа уапсени на аеродромот во Солун и наводно требало да летаат за Будимпешта.  Грујевски и Бошковски се обвинети за случаите на СЈО за незаконско прислушување и уништување на опрема за прислушување.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top