Експертите прогнозираат: Предвремените избори ќе го зголемат бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ ќе дојде до смена на двоецот Заев-Шекеринска

Божиновски е уверен во победата на ВМРО-ДПМНЕ и на предвремените парламентарни и на претседателските избори.

Најавата на ДУИ дека без консензуален кандидат за претседателските избори ќе ја напуштат коалицијата со Груевски, го става актуелниот премиер пред свршен чин. Тоа може да предизвика политичка криза на Илинденска, анализираат политичките експерти за Сител. Според нив, излезот од таквата евентуална криза би бил само еден - предвремени избори во април наспроти можноста да му се дозволи на Ахмети да го избира шефот на државата.

- Консензуален кандидат е всушност друг збор за кандидат кој ќе го избира Ахмети. Се работи за класичен обид за уцена. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го прифати и ќе се оди на предвремени избори, вели за Сител Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје.

Божиновски е уверен во победата на ВМРО-ДПМНЕ и на предвремените парламентарни и на претседателските избори. Очекува по изборната битка бројот на пратенички столчиња на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот дополнително да се зголеми.

Екепертите прогнозираат силно незадоволство во редовите на СДСМ по очекуваниот пораз на двојните избори и барање за смена на актуелниот двоец, Заев-Шекеринска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top