Експлозија во метро станица во Стокхолм, еден загинат

Еден човек беше убиен, а една жена беше ранета по експлозија, која се случила во близина на метро станицата „Ворби горд“ во Стокхолм во неделата, пренесоа агенциите..

Две лица претрпеле сериозни повреди, откако 60-годишен маж кренал оставен предмет. Тој, како и 45-годишната жена што го придружувала, бил однесен во болница. Подоцна човекот починал. Локалниот весник „Aftonbladet“ пишува дека предметот бил рачна граната, но не се повикува на извор. Полицијата одби да ги потврди овие информации.

Според властите, експлозијата, која избувна околу 11 часот по локално време, не е поврзана со тероризам. Се испитува обид за убиство.

„Очигледно е нешто што силно експлодирало, но ќе мора да ја чекаме техничката експертиза“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека е започната истрага за убиство.

Станицата на подземната железница и блискиот плоштад се затворени, за деминерите да можат да ги проверат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top