Ел Чека не мирува, на повидок нови „бомби“

Премиерот Зоран Заев има рок од два месеци за обајвување на меѓународна истрага за случајот Диво Насеље во спротивно ќе биде објавена бомба за предметот Сопот - предупредува кичевецот Ахмеди Шеќерим или во јавноста познат како ЕЛ Чека..

Им нема крај на прислушуваните разговори кои нелегално одекнуваат во јавноста. 28 годишниот Шеќерим ги подготвува нови бомби, а преку стаус на социјалната мрежа најави дека тие ќе бидат пуштани во раните утрински часови.

Ел Чека, кој пред извесно време посочи дека бомбите ги објавува по наредба од осудените од Диво Насеље кои добија 40 години или доживотен затвор и сега сакаат меѓународна истрага - го предупреди премиерот да внимава на осудените за овој случај. Пишува дека добивал информации од вработен во скопското обвинителство дека се подготвува нешто против затворениците од случајот Диво Насеље.

Статус ФБ- ЕЛ Чека: Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! - напиша Ел Чека.

На двата профили на социјалната мрежа Фејсбук на кичевецот Шеќерим неколку дена беше мирно, по барање на МВР оваа социјална мрежа ги брише нелегалните разговори.

По пријавата која ја стокми МВР, сега на ред е кичевското обивнителство. Обвинител од родниот крај на ЕЛ Чека ќе го истражува и него и неговите бомби кои одекнаа на Фејсбук. Иако 28 годишниот Шеќерим сега живее во САД , Чикаго сепак неговите корени од кичевското село Турин се пресудни обвинител од овој крај да го води случајот.

Ел Чека е гонет за неовластено прислушување и тонско снимање, за дело за кое е предвидено од 1 до 5 години затвор, како и за неовластено снимање со кое се соочува со парична казна или до максимум една година затвор.

Неговите веќе објавени бомби беа за раководството на ДУИ, на чело со Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани, за што интегративците на Ахмети велат немаат намера да мрднат со прст за дискусија на овие бомби.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top