Елена Стојчевска од Делчево се закити со златен медал

Сребрениот медал на Елена Стојчевска од Делчево на Европското првенство во кик-бокс во Полска стана златен, откако во финалето ја совлада својата противничка од Хрватска и се искачи на тронот, освојувајќи го златниот медал….

На Европското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори кое се одржуваше во Круница Здуј, Полска од 14-ти до 22-ри септември, меѓу останатите земји учеснички учествуваше и нашата кик-бокс репрезентација на Македонија.

Нашите кик-боксери обезбедија неколку медали на Европското првенство и забележаа големи успеси и тоа два бронзени медали и еден златен.

Нашата сограѓанка Елена Стојчевска која е дел од кик-бокс репрезентацијата на Македонија сребрениот медал кој го имаше пред финалето како и што изјави го замени со златен.

Таа во финалето денеска се бореше со претставничката од Хрватската репрезентација Хели Цузиќ, во категоријата фул контакт до – 70 килограми и ја победи и освојувајќи го златото се искачи на тронот и го подигна победничкиот пехар.

Инаку останатите наши репрезентативци Марија Божиновска и Љупчо Коцев освоија бронзени медали и тоа Марија Божиновска во категоријата лајт контакт, а Љупчо Коцев во категоријата лоу кик.

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top