ЕЛИСЕЈСКА ПАЛАТА: ПОСЕТАТА НА ХАРИРИ ВО ПАРИЗ ГИ СМИРУВА ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Посетата на Париз од страна на либанскиот премиер Саад Харири, кој поднесе оставка, придонесува за смирување на тензиите на Блискиот исток, каде Франција ќе продолжи да дејствува во тој правец..

Тоа го соопшти претставник на кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

– Претседателот Макрон ќе продолжи да ги презема сите потребни иницијативи за поддршка на стабилноста на Либан, потврди Елисејската палата по средбата на шефот на француската држава со Харири, кој пристигна во Париз од Саудиска Арабија.

Претседателството не наведе дали либанскиот премиер ја потврдил или не оставката пред Макрон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top