Eлон Маск: работниците треба да работат 100 часа неделно за да го променат светот

Работниците во Тесла и SpaceX треба да работат 80 до 100 часа неделно „за да го променат светот“, изјави Елон Маск..

Претприемачот од сферата на технологијата призна дека „постојат многу полесни места за работа“ од неговите компании, додавајќи: „Никој никогаш не го променил светот со 40 работни часа седмично“.

Прашан колку часа неделно се потребни, г-динот Маск одговорил: „Варира од личноста, но околу 80 постојано, со повремени достигнувања до 100 часа. Нивото на болка се зголемува експоненцијално над 80 часа.“

Коментарите на Маск привлекоа критики од разни коментатори кои сугерираа дека преработувањето води до намалување на продуктивноста.

Елон Маск е основач и извршен директор на неколку компании, вклучително Спејс Икс, која работи на изградба на вселенски ракети за повеќекратно користење, Тесла, која дизајнира и прави електрични автомобили и енергетски извори, Боринг компанија, која се занимава со изградба на подземни мрежи од тунели, и Невролинк, која вели дека цели кон „поврзување на луѓето со компјутерите“.

Тесла претходно беше обвинувана за притискање на своите работници од произведувачките фабрики да работат премногу напорно за намерите на компанијата да ги завршува испораките на коли навремено.

Компанијата постојано се соочуваше со тешкотии во запазувањето на производствените рокови за автомобилот Модел 3, и оваа година беше објавено дека работничките смени траеле од 12 до 16 часа дневно, под притисок да се избегнат задоцнувањата и да се постигне целта од создавање на 5000 автомобили неделно.

Во некои прилики и самиот Елон Маск спиел на подот во фабриката и работел повеќе од 100 часа седмично придонесувајќи во борбата компанијата да ги оствари своите зацртани цели во месеците Март и Април оваа година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top