Емотивен концерт во Мелбурн: Влатко Стефановски не ја откажа турнејата по смртта на брат му

Влатко Стефановски остана професионалец до крај, и не ја откажа својата турнеја низ Австралија откако неговиот брат, познатиот драматург Горан Стефановски, почина во вторникот во Лондон..

Стефановски има закажано три концерти со неговото трио, од кои првиот беше сношти во Мелбурн. 

Присутните на концертот на социјалните мрежи го опишуваат настапот на нашите музичари како емотивна вечер преполна со добра музика. 

Стефановски е секогаш отворен соговорник за медиумите, но за интимните моменти ретко зборува во јавноста. Лани ова време, почина неговата сопруга Гордана.

Се обидувам преку музиката да го искажам сето она што го чувствувам“, изјави Влатко во интервју за Женски магазин.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top