Ен-Би-Си: Регистрирано разместување на севернокорејските лансирни системи

Во последните две деноноќија Северна Кореја изврши разместување на своите мобилни лансерни ракетни системи, јави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на висок претставник на Вооружените сили на САД..

Во информацијата на телевизијата не се посочени други детали за активностите на севернокорејските сили, но се претпоставува дека властите во Пјонгјанг се подготвуваат за извршување на нов ракетен тест.

Последниот рекетен тест Северна Кореја го изврши на 29 август кога лансираше ракета од типот „Хвасонг-12“.

Ракетата тогаш го надлета северниот дел на јапонскиот остров Хокаидо, по што се урна во водите на Тихиот Океан изминувајќи околу 2.700 километри. При летот, ракетата достигна максимална височина од 550 километри.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top